• +38970895929
  • office@olimpik.mk

За нас

Почнувајќи од 1990-та година, Олимпик ги исполнува соништата на своите клиенти. Од идеја до реализација, Олимпик со својот тим од висококвалификувани професионалци и со своето огромно искуство е специјализиран за:

Изведба и монтажа на Knauf и Armstrong системи за сува градба (преградни ѕидови, спуштени плафони, молерисување, машинско малтерисување, фасадни системи, и др.)

Ентериерни решенија со комплетна изведба на сите фази (проектирање, 3Д моделирање и изведба)

Трговија и изведба на подни облоги од теписони, ПВЦ подови, ламинат, трислоен паркет и др.

Ентериерно и екстериерно лед осветлување, трговија и монтажа на декоративни тапети и завеси

Оlimpik - Our STORY...

Олимпик e компанија специјализирана за изведба на завршни работи во градежништвото: изведба на Knauf и Armstrong системи за сува градба, молерисување, машинско малтерисување, поставување на кошулици, фасадни системи, увоз и трговија со подни облоги. Благодарение на долгогодишното искуство, почнувајќи од 1990 година, Олимпик се наметнува на македонскиот пазар како компанија специјализрана за изведба на завршни работи во градежништвото, но и како главен увозник и изведувач на подни и ѕидни облоги од теписони, линолеум, тапети, ламинат, трислоен паркет, ПВЦ и потребни додатоциза истите производи и тоа: лајсни, цокли и др.

Благодарение на внимателниот избор на производи, нашата компанија е ценет партнер на многу хотели, банки, болници, училишта, административни и резиденцијални објекти и домаќинства. Клучот на успехот се крие во нашиот принцип, а тој е:  без разлика дали се работи за изведба на позиции во ресторант или приватен резиденцијален објект, канцеларии или оперска сала, хотел или банка, ние секогаш се стремиме да понудиме разнообразност од бои, дизајни и квалитет, кои се во склоп со постоечкиот ентериер.

Нашата основна цел е задоволни клиенти од нашите производи и услуги. Ние веруваме дека истата е постигната, имајќи ги предвид не само производите кои ги нудиме, туку и дополнителните услуги кои се дел од секоја продажба.

Олимпик располага со висококвалитетни стручни кадри, кои ќе Ви понудат исклучително голем избор на изведбени ентериерни решенија, подни и ѕидни облоги, проектирани и изработени од водечки европски производители, а ќе ви помогнат и при изборот на дизајн и тип на облога, најсоодветни за Вашиот ентериер, со точна пресметка на потребните количества. Со соодветниот избор на производи и услуги, ние ги оптимизираме и рационализираме цените на производите и услугите, и на тој начин несомнено ќе се вклопиме во Вашиот предвиден буџет за секоја позиција одделно, без да влијаеме на квалитетот на производите, а со квалитетната монтажа ќе Ви ги пренесеме и гаранциите на производите од  самите производители, како и гаранциите за монтажа.

ЗОШТО ОЛИМПИК Е ЦЕНЕТ ПАРТНЕР НА МНОГУ КОМПАНИИ ВО ЗЕМЈАВА И СТРАНСТВО?

- Соработката со Олимпик несомнено ќе ги доведе сите ваши планови до успешен крај и гарантирано ќе ги задоволи и најпрефинетите вкусови.

- Олимпик располага со млад и динамичен тим, со модерни погледи и способност да реагира брзо во сите ситуации, сè со цел да се задоволат потребите на клиентот на најдобар можен начин. Индивидуалниот пристап кон секој клиент гарантира најдобри резултати при работењето.

- Лојалноста и високиот степен на доверба се основните принципи во деловната соработка со партнерот.

- Нашето долгогодишно искуство и позицијата на пазарот во Македонија нè прават посакуван партнерна многу реномирани компании, како што се:

BALTA INDUSTRIES N.V. (Belgium), GRABO PLAST (Hungary), ROMUS (France), PEDROSS (Italy),

HAMAT (Belgium), NELCA N.V. (Belgium), BEAULIEU REAL N.V. (Belgium), BERRY TUFT (France), OROTEX - OROTUFT N.V. (Belgium), RALUX N.V. (Belgium), IDEAL FLOORCOVERINGS N.V. (Belgium), POLYFLOR (England), VOX (Poland), ASSOCIATED WEAVERS N.V. (Belgium), TAPIBEL N.V. (Belgium) TARKETT (Germany), BALSAN (France), ALPOD (Slovenia),

ARDEX (Austria) и многу други.

ШТО ЗНАЧИ СОРАБОТКАТА СО ОЛИМПИК?

- Системите за сува градба, како и подните и ѕидни облоги кои Олимпик ги  нуди на своите клиенти, се со докажано потекло и придружени со сертификати за квалитет, кои ќе Ви помогнат да ја изберете потребната употребна класа на производите, соодветна за типот и намената на објектот.

- Олимпик располага со монтажни групи составени од висококвалификувани монтери, кои професионално и брзо ќе ги монтираат избраните производи од Ваша страна, без разлика на тоа дали реновирате дома или опремувате хотел, ресторант, канцеларии, болници и слично, Олимпик е секогаш тука да ги исполни сите стандарди за квалитетна монтажа заедно со проектирање на динамиката на монтажа со која ќе ги исполниме предвидените рокови.

Гради брзо гради квалитетно

>> Олимпик нуди целосни системски решенија за Вашите објекти, комплетно од сопствен увоз од најреномираните и технолошки најразвиените компании од Европа. Сите производи се проследени со сертификати и ги задоволуваат највисоките барања на EN нормите. Единствено Олимпик ја комплетира продажбата со изведба при што посебна грижа се води на правилната апликација на системите со што целосно  се применуваат препораките на производителите. 

           Мотото ,,Гради брзо, гради квалитетно ,, благодарение на најновите иновативни производи веќе се применува и во Македонија. Па така Олимпик  веќе е во можност да постави цементна кошулица која ќе биде сува на 2% според CM за 24 часа или 4 дена во зависност од применетите материјали и притоа истата да има врвни механички карактеристики. Исто така можеме да поставиме цементна кошулица со дебелина веќе од 1,5 cm без истата да испука.

          Олимпик исто така ги подига стандардите и во акустичната изолација помеѓу просториите и помеѓу катовите, развивајќи системи кои десеткратно ги подобруваат акустичните карактеристики во однос на најчесто применуваните системи  посебно на новите, но и на  постоечките објекти,  со што е лидер во оваа област во Македонија.